Атлетико нема „здив“ за шампионска трка – Шокиран од Бетис (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид доживеа пораз од 0-1 пред своите навивачи во 23. коло од Ла Лига, па веќе сериозно ја губи трката за шампионската титула со Барселона и со Реал Мадрид.

„Јорганџиите“ вечерва загубија од Бетис, во натпревар во кој гостите до победата дојдоа со голот на Ентони во 28. минута од средбата.

Љоренте во 74.минута постигна гол за Атлетико, но беше поништен поради офсајд по интервенција на ВАР-системот.

Се вчитува...