Иако инсистираат дека трансфер пазарот за нив е завршен и дека нема да има повеќе нови потписи, Атлетико Мадрид подготвува изненадување. Клубот работи на враќањето на Јаник Фереира Караско , кој моментално е во Ал-Шабаб (Саудиска Арабија), пишува „Ас“.
Ако ова се оствари, тоа ќе биде третпат Караско да потпишува со „јорганџиите“. Караско ќе наполни 32 години за една недела. Атлетико ќе мора да плати и отштета за него, а веќе потроши 175 милиони евра ова лето.
Караско е во Ал Шабаб повеќе од две години, а шпанскиот клуб зема 15 милиони евра за него. За толку пред 10 години го купија од Монако, а потоа го продадоа во Кина за 30 милиони, пред да дадат 27 да то откупат повторно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

