Атлетико поведе во 1. минута, но не успеа да стигне до цел плен

Атлетико Мадрид освои само еден бод на гостувањето против Реал Сосиедад (1-1), откако избраниците на Диего Симеоне не успеаја да ја задржат предноста што ја имаа од самиот почеток на натпреварот.

Мадридскиот тим поведе во својата прва акција, Хулијан Алварез одлично се снајде и со мајсторски удар уште во 1. минута го доведе гостинот во водство. Тимот на Симеоне умешно се бранеше се до самиот фииниш, но не успеа да одолее на налетите на Реал Сосиедад.

Клучна се покажа 84. минута кога Сучиќ постигна еврогол од дваесетина метри на огромна радост на домашните фанови во Сан Себастијан.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...