Атлетико Мадрид донесе уште едно извонредно засилување во своите редови, договарајќи го трансферот на Родриго. Одличниот голгетер на Валенсија во последните денови воопшто не тренираше со својот тим, притискајќи да му биде дозволено да се пресели во Мадрид. Неговите методи на крајот вродија со плод, откако Валенсија даде зелено светло за трансфер прифаќајќи ја понудата на „јорганџиите“.
Клубот од „Месталја“ ќе заработи 55 милиони евра, плус дополнителни пет милиони преку неколку клаузули.
Атлетико планира овие пари да ги покрие од продажбата на Кореа и на Kалиниќ, кои ќе си заминат од Мадрид до крајот на овој преоден рок. Родриго е второ големо засилување за нападот на Атлетико летово, откако беше ангажиран и Жоао Феликс од Бенфика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА