Атлетико се „лизна“ кај „фенерџијата“ (ВИДЕО)

Екипата на Атлетико Мадрид направи голем кикс во битката за Европа, откако одигра нерешено само 2-2 на гостувањето кај последнопласираната екипа на Алмерија. И покрај тоа што два пати водеа, избраниците на Диего Симеоне на крајот мораше да се задоволат само со еден бод.

Кореа уште во 2. минута најави дека можеби Атлетико лесно ќе мине на ова гостување, но Ромеро во 27. минута врати и израмни. Де Пол во 57. минута се погрижи за нова предност на Атлетико, која беше „прокоцкана“ за само седум минути, кога Ромеро усепа да израмни.

Залудни беа нападите на Атлетико во финишот, не стигнаа до трет гол и до победа на овој меч.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...