Атлетико се откажа – пропадна и последната надеж на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо е несреќен во Манчестер Јунајтед и сака да се пресели во друг клуб. Португалските медиуми тврдат дека желба на Кристијано и на Георгина Родригез е семејството да се врати да живее назад во Мадрид, но шансите за тоа пропаднаа откако по Реал, од трката за ангажман на суперѕвездата се откажа и Атлетико Мадрид.

„Јорганџиите“ извесно време покажуваа интерес, имаа и првични разговори со агентот Жорге Мендеш, кој ја пренесе подготвеноста на Роналдо да дојде во Атлетико за 30% помала плата од онаа што ја има во Манчестер Јунајтед. Сепак, на крајот пресуди ставот на тренерот Диего Симеоне, кој јасно стави до знаење дека Роналдо не му е неопходен, но и дека вклучувањето на Португалецот би можело да доведе до нарушување на атмосферата во екипата.

Претседателот Черезо веќе стапил во контакт со Мендеш и го известил дека клубот нема да испраќа понуда за Кристијано. Во меѓувреме, Роналдо продолжува да тренира сам во Португалија, а како што минуваат деновите, така не само што се намалуваат шансите за трансфер, туку тој се повеќе ги нарушува односите во Манчестер Јунајтед, одбивајќи да се приклучи на подготовките на Тен Хаг „поради семејни причини“.

Се вчитува...