Атлетико Мадрид испрати понуда од 20 милиони евра за напаѓачот на Гремио, Луан, известуваат бразилските медиуми. „Јорганџиите“ сметаат дека 24-годишниот бразилски репрезентативец е идеалната замена за Антоан Гризман, кој следното лето речиси сигурно ќе го напушти тимот од Мадрид.
За Луан и претходно имаше интерес од неколку европски клубови, меѓутоа Гремио ги одби сите понуди кои наводно не биле доволни. Спартак Москва и Сампдорија исто така се надеваат на неговите услуги, но со настапите за националниот тим на Бразил на Олимписките Игри во Рио и имајќи ја улогата на клучен играч во Гремио можат да му обезбедат трансфер во некој поголем клуб од петте најдобри лиги во Европа. Пред извесно време се појави шпекулација за трансфер во Борусија Дортмунд, како замена за Осман Дембеле, кој притиска кон преселба во Барселона.
Договорот на Луан истекува наредната година, Гремио очекува да заработи од неговото заминување, што значи дека Атлетико е поволна позиција да го договори уште од сега. Доколку сето тоа се реализира, Луан ќе биде достапен за шпанскиот гигант од следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА