Атлетико Мадрид со голем пресврт успеа да стигне до цел плен против Атлетик Билбао, триумфирајќи со 3-2 иако гостите на десет минути до крајот имаа предност од 1-2, но не успеаја да го издржат завршниот налет на тимот на Диего Симеоне.
Инаки Вилијамс требаше да ја има улогата на херој на Атлетик откако постигна два гола, за водства од 0-1 и 1-2, но токму по повлекувањето од игра на брзоногиот офанзивец следеше и пресвртот на домашниот тим. Најпрвин по еден корнер од левата страна највисоко скокна Родри за израмнување на 2-2, а на завршното возбудување се чекаше до судиското продолжение.
По една мешаница Гризман одлично го проигра Годин, Уругваецот реализираше, но помошниот судија го крена офсајд-знаменцето. Сепак, овојпат ВАР беше наклонет на Атлетико, на повторената снимка убаво се гледаше дека Годин е далеку од офсајд-ситуација (во линија со голманот имаше уште еден гостински игра), па голот беше признаен, за тотална еуфорија на „Ванда“.
Атлетико Мадрид со овој триумф сега има само еден бод негатива во однос на водечката Барселона, но каталонскиот гигант утре го игра својот натпревар против Бетис на „Камп ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА