Атлетико се врати во игра за титулата откако во последните мигови ја совлада Севиља (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид победи на  гостувањето кај Севиља и се врати во игра за титулата во Ла Лига, откако вчера најголемите ривали за титулата Барселона и Реал Мадрид не успеаја да победат вчера против Бетис и против Валенсија.

Атлетико со тоа го фати „последниот воз“ во битката за титулата.

Агуме во 7. минута ја донесе Севиља во предност, а израмни Алварез во 25. минута. Во самиот финиш од мечот во третата минута од судиското надополнување, Пабло Бариос успеа да стрела во мрежата и да донесе големи три бода за Атлети.

 

Sevilla 1 – [1] Atletico Madrid – Julian Alvarez Penalty 25′
byu/etclassico insoccer

Се вчитува...