Атлетико си даде автогол и загуби од Бетис

Атлетико Мадрид во 11. коло го претрпе првиот пораз сезонава во Ла Лига (пет победи, пет реми), откако избраниците на Диего Симеоне потфрлија на гостувањето против Бетис губејќи со 1-0.

Клучна се покажа 4. минута, во која дефанзивецот Хименез не изреагира најдобро и ја смести топката во сопствената мрежа крај немоќниот Јан Облак. Иако во резултатска негатива, фудбалерите на Атлетико не успеаја да наметнат посериозна иницијатива пред противничкиот гол, Бетис знаеше како да ја задржи предноста и на крајот да стигне до заслужени три бода.

 Aтлетико Мадрид по денешниот пораз остана на 20 бода, па сега заостанува дури десет бода зад водечката Барселона.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...