Атлетико Мадрид прокнижи нови три бода во шпанското првенство по рутинската победа од 1-0 над составот на Валјадолид. Како и многу пати претходно во изминатите сезони, средбите на Атлетико немаа преголема фудбалска убавина, но тимот на Диего Симеоне сепак успеа да стигне до посакуваниот цел плен.
По здодевното првоо полувреме, мечот беше решен во 66. минута, кога по еден центаршут од левата страна Фернандез со неспретна интервенција ја затресе сопствената мрежа, за еуфорија на домашните навивачи во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА