Атлетико со „петарда“ во полуфиналето на Купот на Шпанија

Атлетико Мадрид со убедлива победа од 5-0 над Гетафе на свој терен се пласираше во полуфиналето на Купот на Шпанија.

Вечерва на „Ванда Метрополитано“, Атлетико го реши победникот уште по првиот дел, кога се стекн со предност од 3-0. Симеоне во 8. и во 17. минута донесе веднаш 2-0, а потоа Лино во 42. минута зголеми на 3-0.

Кореа во 78. минута се погрижи за 4-0, а конечните 5-0 ги постави Сорлот во 86. минута.

Се вчитува...