Атлетико во најлош момент остана без Гризман

Атлетико претрпе пораз од 1-0 на првиот осминафинален дуел од Лигата на Шампионите против Интер, но Диего Симеоне згора на тоа остана и без помошта на Антоан Гризман, кој заработи незгодна повреда на скочниот зглоб и мораше да биде заменет.

Стратегот на Атлетико обелодени дека Гризман има оток на повредениот зглоб и не може да каже колку долга ќе биде неговата пауза од терените, а деталните прегледи по враќањето во Мадрид не ги разрешија овие дилеми.

Атлетико преку клупско соопштение обелодени дека Гризман има истегнување на скочниот зглоб, не наведувајќи кога тој би можел да се врати на терените.

Повредата доаѓа во најлош момент ако се знае дека тој сигурно нема да може да игра против Алмерија викендов, но и на реваншот од полуфиналето на Копа дел реј против Атлетик Билбао закажан за 29 февруари. Потоа ќе следат нови прегледи по што ќе се знае дали Гризман ќе може да се врати за пресметките со Бетис (3 март), Кадиз (8 март), како и за реваншот од ЛШ против Интер што е закажан за 13 март во Мадрид.

Се вчитува...