Специјална Олимпијада Македонија заедно со нашата федерација го организираa 20. издание на европската кошаркарска недела, па атлетите од нашата специјална олимпијада повторно беа дел од овој кошаркарски настан.
Европската кошаркарска недела 2023 опфати играње на се популарниот „3Х3 basketball“ во чии рамки лицата со интелектуална попреченост изминатиот викенд, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје се натпреваруваа заедно со партнерите во Јунифајд (Unified) тимови.
Преку заземање активно учество на атлетите во Европската недела на кошарката, заедно со ФИБА и кошаркарската Евролига, Специјална Олимпијада Македонија уште еднаш, во оваа прилика, повика на еднаквост и ја нагласи потребата за еднакви можности за сите.

Во рамките на настанот, обраќање имаа претставници на кошаркарска федерација на Македонија, Специјална олимпијада Македонија, фонд за население на Обединетите нации – УНФПА, како и спортскиот амбасадор на Агенцијата за Млади и Спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

