Атлетко ја „здрма“ Валенсија на „Местаља“ и го презеде врвот во Ла Лига (ВИДЕО)

Aтлетико Мадрид го презеде врвот на Ла Лига пред Барселона откако со 0-3 славеше на гостувањето против Валенсија на „Местаља“ во 25. коло од шпанскиот шампионат.

Избраниците на Диего Симеоне задачата си ја завршија уште во првото полувреме, кога засилувањето од Манчестер сити, Хулијан Алварез со два гола во првите 30 минути донесе предност од 0-2.

Во вториот дел Валенсија ја презема иницијативата и создаде повеќе шанси, но Облак не дозволи да биде совладан, а Анхел Кореа заокружи за конечни 0-3.

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски остана на клупата за резервни фудбалери кај Валенсија.

Атлетико сега е лидер во Ла Лига со 53 бода, пред вечерашното гостување на Барселона против Лас Палмас.

Се вчитува...