Колку убава приказна доаѓа од Доха. Шведската натпреварувачка во скок со стап Анџелика Бенгтсон успеа да постави нов државен рекорд, а го позајми стапот од Французинката Нинон Гвилон-Розмари.
Пред последниот трет скок на височина од 4.80 метри, Бенгтсон имаше непријатност, се скрши стапот и таа несреќно падна, за среќа на огромниот душек за доскок на стадионот во Доха. Немаше стап за третиот обид, а го доби од француската натпреварувачка која веќе го заврши натпреварувањето.
И успеа да ја прескокне височината, постави свој личен, а и државен рекорд на Шведска. Потоа Анџелика Бенгтсон не успеа на следното ниво од 4.85 метри, но секако на одличен начин го заврши својот настап на СП во Катар.
Swedish pole vaulter Angelica Bengtsson snaps her pole and nearly smacks her head on the ground. She comes back to break the national record and is among the last six competing. pic.twitter.com/NMoeTZqPGw
— Nick Zaccardi (@nzaccardi) September 29, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА