Атлетската репрезентација на Европското екипно првенство во Полска

Македонската атлетската репрезентација учествува на Европското екипно првенство – Трета лига кое се одржува во Силесиа, Полска.

Таборот на националниот тим во кој се најдобрите македонски атлетичари е предводен од Дарио Ивановски кој ќе настапи на трката на 5.000 метри.

Ивановски ќе трча утре на 5.000 метри на трката на која претходно го освои 8. место на Медитеранските игри во Оран, Алжир, сребрениот медал на Балканското првенство во Крајова, Романија, како и златниот медал на Европското првенство за мали земји.

Се вчитува...