Атман: Ме уверија дека Вардар има пари за следните четири сезони

Рускиот бек Павел Атман се враќа во Македонија, но во иднина ќе го облече дресот на Вардар. Поранешниот член на Металург открива дека раководството на „црвено-црните“ го уверило како клубот ќе биде финансиски стабилен и во наредните четири сезони. Тој потпиша двегодишен договор со Вардар и на 24 јули треба да се појави на првата прозивка на новиот тренер Давид Хосе Писонеро.

„Нема да имам никакви проблеми да го носат дресот на Вардар, иако во минатото бев член на Металург. Го познавам многу добро градот, цела Македонија, тие живеат за ракометот. Во разговорите со раководството на Вардар ме уверија дека има стабилни финансии за следните четири години. Знам дека од Металург заминав со раскин на договорот, но во Европа има малку ракометни клубови кои можат да ви гарантираат стабилни финансии за подолг период. Тоа можеби и единствено е случај во Бундес-лигата“, изјави Павел Атман.

Русинот имаше неколку повреди во изминатите две сезони и очекува во Вардар повторно да ја достигне врвната натпреварувачка форма и да има забележителна улога во составот кој ќе ја брани европската круна во Лигата на шампионите.

Се вчитува...