Македонските ракометарки претрпеа пораз на премиерниот меч на ЕП 2022, против моќната Франција изразен со конечни 10 гола разлика.
„Црвено-жолтите“ премногу импресионирани влегоа во дуелот, не постигнаа ниту еден гол во првите петнаесет минути, но за разлика од нападот барем одбраната функционираше во голем дел од натпреварот. Искуството од овој меч со врвен ривал сигурно ќе биде драгоцено за во иднина, но и за претстојните дуели со Холандија и со Романија на овој шампионат.
Радува бројката од неколку илјади фанови што дојдоа во „Борис Трајковски“ за да ги бодрат ракометарките, давајќи им дополнителен мотив. За очекување е поддршката да продолжи и на наредните натпревари, на кои Македонија ќе покаже уште подобра игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА