ЕКИПА во Солун,
Стеван Цаневски
Грција и Македонија одиграа две пријателски средби во салата „Микра“ во Солун, дуели кои минаа во апсолутно спортска атмосфера без ниту еден инцидент на теренот или пак на трибините.
Единствената тензија и на двете средби ја создадоа судиите, но актерите на теренот одржаа лекција за ферплеј, со жестоки дуели како што му доликува на ракометниот спорт, но и максимална почит кон противникот и на едната и на другата страна.
На денешниот меч беа присутни околу илјада навивачи, а мора да се истакне дека публиката ги награди македонските ракометари со гласен аплауз додека тие ја прославуваа победата на центарот од теренот.
Грците без сомнеж се покажаа како добри домаќини, а Македонија ќе возврати на идентичен начин на претстојните пријателски средби во Скопје закажани за почетокот на јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА