Кошаркарите на Панатинаикос по цели 13 години повторно го освоија европскиот кошаркарски врв, триумфирајќи во финалето на Ф4 турнирот од Евролигата против Реал Мадрид со 80-95.
Во феноменален меч во кој Реал го имаше под свое првото полувреме а потоа комплетно го снема во вториот дел, Панатинаикос повеќе од заслужено дојде до седмата европска титула во својата историја. Шпанскиот тим во второто полувреме постигна само 26 поени, што е доволен показател за тоталната доминација на Грците во вториот дел од мечот.
A, „кралевите“ одлично го почнаа мечот добивајќи ја првата четвртина со 36-25. Слично се продолжи и во втората четвртина кога во еден момент Реал дојде до предност и од +14 поени. Но, потоа комплетно се разбудија Грците кои презедоа се во свои раце.
Почна Панатинаикос да игра феноменална кошарка и веќе кон средината на третата четвртина ја анулираше предноста на шпанскиот тим, притоа активно преземајќи свое водство кое го контролираше се до крајот на натпреварот.
HUGE 👀 pic.twitter.com/oPQ1ov7kHb
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 26, 2024
Во извонредна последна четвртина која Грците ја добија со феноменални 19-31, во која се редеа тројките на Слоукас за предност на Грците, на 2 минути и 29 секунди до крајот, Митоглу погоди за три поени за 76-86. Тоа и дефинитивно беше показател дека Панатинаикос по 13 години конечно повторно ќе ја освои европската титула. На крајот за конечни 80-95. Сосема заслужено за седма европска титула во својата историја!
Костас Слоукас со феноменален меч заврши со 24 поени, Нан постигна 21 поен а Матијас Лесор заврши со 17 поени и шест скока. Џанан Муса кај Реал заврши со 15 поени, а Серхио Љуљ запиша 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА