Италија е селекцијата што ќе се спротивстави на Србија во големото финале од светскиот шампионат за одбојкарки, откако „аѕурите“ денеска во супер-интересен дуел славеа над Кина со 3-2 во сетови. Во главна улога беше извонредната Паола Огечи Егону, која со фантастични 45 поени ја одведе својата селекција на еден чекор до златото.
Италија го доби првиот сет со 25-18, Кина израмни со 21-25, за потоа Италијанките да го одиграат импресивно третиот сет, добивајќи го со 25-16. Четвртиот сет донесе неверојатна битка, Италијанките имаа една меч-топка што не ја искористија, за Кина по бројни фантастични поени да триумфира со 29-31.
Во тај-брејкот „аѕурите“ имаа водство од 14-12, Кина успеа да израмни, но на крајот Италија предводена од Егону успеа да слави со 17-15, за место во големото финале, кое ќе се игра утре со почеток во 12.40 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА