Македонските одбојкари на најдобар можен начин ги започнаа квалификациите за пласман на Европското првенство 2026. На првиот натпревар во групата, Македонија убедливо во три сета славеше против Грузија во Тбилиси.
Избраниците на Хари Наковски целосно доминираа на мечот во Тбилиси добивајќи ги трите сета со 12-25, 14-25 и 18-25, дозволувајќи им на домаќините само 44 освоени поени на целиот натпревар.
Одличен натпревар одигра Љафтов со 14 поени, а капитенот Никола Ѓоргиев запиша 12 поени. Филип Савовски мечот го заврши со реализирани 11 поени.
Следниот квалификациски дуел на македонските одбојкари е против Грција во 25. август во Скопје, дуел кој може да биде пресуден за првото место во групата кое води директно на ЕП 2026.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА