Одбојкарската репрезентација на Полска е првиот финалист на машкиот турнир на игрите во Париз откако во полуфиналето славеа против Соединетите Американски Држави со 3-2, по сетови 25-23, 25-27, 14-25, 25-23 и 15-13.
Првиот сет донесе голема борба на двете страни го доби Полска со 25-23. Во вториот следеше исто голема битка, но овојпат и припадна на Америка која со 25-27 израмни на 1-1.
САД одигра фуриозен трет сет добивајќи го со 14-25. Американците одиграа одлично и во третиот сет и брзо стигнаа до плус пет 9-14. Сепак, кога сите ја отпишаа Полска, европскиот шампион одигра неваеројатно и успеа да направи целосен пресврт во третиот сет и да го добие со 25-23. Во решавачкиот тај-брејк Полска славеше со 15-13.
Во финалето Полска за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Франција и Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА