Атомски фудбал на „Енфилд“: Јунајтед до заслужен бод во Ливерпул

Ливерпул и Манчестер Јунајтед ремизираа 2-2 во премиерлигашкото дерби на стартот од оваа календарска година, во извонредното второ полувреме што го режираа фудбалерите на двата тима. „Црвените ѓаволи“ заслужено освоија бод на ова тешко гостување, а можат да жалат што во финишот не дојдоа ни до цел плен ако се знае дека во 97. минута Хари Мегваер промаши стопроцентна шанса за побед.

Дождот создаваше огромни проблеми во првиот дел, во кој тешко се создаваа шанси, па голманите имаа по една интервенција, Онана го запре Мекалистер, додека Алисон Бекер го неутрализираше обидот на Хојлунд,

Ливерпул ја загуби топката на триесетина метри од својот гол, таа стигна до Бруно Фернандеп кој го проигра во простор Лисандро, а аргентинскиот дефанзивец во манир на голем стрелец ја смести топката под гредата, во мрежата на Алисон Бекер. олот за водство на Манчестер Јунајтед можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Радоста на гостите кратко траеше бидејќи во 59. минута блесна Коди Гакпо, мајсторски ослободувајќи се од Де Лихт пред да стрела прецизно за израмнување на 1-1. Овој гол ги разбуди „црвените“ кои продолжија да напаѓаат, па стигнаа и до целосен пресврт, со пеналот на Салах откако Де Лихт играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

Јунајтед можеби е во голема криза, но „црвените ѓаволи“ на денешното дерби покаѓаа одличен карактер, успевајќи да се вратат и да израмнат на 2-2 со голот на Дијало во 80. минута, на асистенција на резервистот Гарначо.

Двата тима одиграа офанзивно во финишот, а Ливерпул има за што да жали бидејќи Онана во завршницата имаше три одлични интервенции, при обидите на Жота, Бредли и на Вирџил ван Дајк.

Најубавата шанса за победа сепак ја имаше Манчестер Јунајтед, Циркзе во 97. минута несебично го проигра Мегваер, но дефанзивецот на Манчестер шутираше над гредата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...