Ливерпул и Манчестер Сити одиграа нерешено 1-1 во меѓусебниот дуел на „Енфилд“ вечерва. Одличен фудбал со многу акции, многу шанси на двете страни, пречка, статива, и на крајот по еден бод за двата тима.
Одличен почеток на Ливерпул на дуелот, со две добри шанси, но Сити постигна прв гол. Де Брујне од корнер ја искористи невнимателноста во одбраната на „црвените“, го пронајде осамениот Стоунс на првиот дирек, кој го матираше Келехер за предност.
На стартот од вториот дел после една добра акција, Нуњез се најде во одлична позиција, меѓутоа над него невнимателно стартуваше голманот Едерсон, и беше покажано на белата точка. Мекалистер во 50. минута го искористи пеналот, иако Едерсон беше блиску да одбрани.
Меѓутоа првиот голман на Сити не можеше да продолжи, па мораше да излезе поради повреда, и на негово место влезе Ортега, кој одбрани неколку тешки удари на напаѓачите на Ливерпул. На другата страна Сити можеше да ја однесе победата, но Фоден ја погоди пречката, а Доку стативата од голот на Келехер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА