Франција и тоа како се изнамачи за да дојде до првата победа во вториот круг од Европското првенство во Германија, триумфирајќи во трилер-завршница со 34-32 против Хрватска
Французите во текот на целиот натпревар постојано чуваа предност од еден до три гола, но Хрватите во ниту еден момент не ги оставија да здивнат. Токму така, израмнето 18-18 заврши и првото полувреме.
А, победата Французите, се чини, ја осигураа на осум минути пред крајот кога при 27-26, Хрватите во два напади направија технички грешки при игра со празен гол, па Франција дојде до два лесни гола за 29-26 на седум минути пред крајот. Од тој момент па до крајот на дуелот Хрватска иако доаѓаше до негатива од минус еден гол сепак не успеа да ја загрози победата на Франција.
Со оваа победа, Франција сега се враќа на врвот во Групата 1 каде ќе биде единствена со четири бода по два вкалкулирани натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

