Новак Ѓоковиќ и покрај освоената титула во Астана не успеа да обезбеди напредок во рамки на најновата АТП листа. Србинот во финалето славеше над Стефанос Циципас.
Ноле остана на седмото место, а на врвот Карлос Алкараз ја задржа предноста пред Рафаел Надал, додека Циципас го прескокна Зверев.
На ВТА листата нема никакви промени. Ига Швојнтек остана на врвот, пред Онс Жабер и Анет Контавеит. Лина Ѓорческа запиша пад од седум места.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

