Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, беше поуспешен од Данил Медведев на завршниот АТП Турнир во Торино. Алкараз без загубен сет на свој сервис, го доби дуелот со 6-4, 6-4 во сетови.
За Алкараз ова беше втора победа на АТП Турнирот, после почетниот пораз од Зверев. Токму Зверев против Рубљов ќе се бори за пласман во полуфиналето. Дуелот е закажан за вечерва од 20:30 часот.
Во другата група А, Јаник Синер дојде до третата победа на турнирот, додека Ѓоковиќ има две, Руне една, а Хуркач и Циципас немаат ниту една, но Полјакот има само еден одигран меч, додека Циципас два.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА