Расел Вестбрук продолжува со фантастичните партии во НБА лигата, стигнувајќи изминатава ноќ до 28-от „трипл-дабл“ во сезоната.
Во домашната победа на Оклахома над ЛА Лејкерс од 110-93, Вестбрук запиша по 17 поени и асистенции и плус 18 скока. Бекот на Оклахома на тој начин се доближи до легендарниот Вилт Чемберлен кој во сезоната 1967/68 имаше 31 „трипл-дабл“. Покрај Вестбрук се истакнаа и Алекс Абринес и Андре Роберсон со по 19 поени, како и Стивен Адамс кој имаше 15 поени и 10 скока. Лејкерси ги предводеше Д’Анџело Расел со 29 поени.
Торонто на свој терен славеше против Бостон со 107-97, а натпреварот го одбележа ДеМар ДеРозан кој постигна рекордни 43 поени. Кај Бостон се издвои Ајзеа Томас со 20 поени.
Милвоки загуби од Јута со 109-95. Гостите до победата ги предводеше Гордон Хауард кој запиша 29 поени. Џорџ Хил и Дерик Фејворс постигнаа по 19 поени, додека Руди Гоберт мечот го заврши со „дабл-дабл“ од 15 поени и 16 скока.
Јанис Антетокоунмпо беше најефикасен кај Милвоки со 33 поени и 12 скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Мемфис 102-92, Филаделфија – Вашингтон 120-112, Атланта – Мајами 90-108, Чикаго – Феникс 128-121, Минесота – Далас 97-84, Денвер – Бруклин 129-109, ЛА Клиперс – Сан Антонио 97-105
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА