Атракција во ВМФЛ: Фудбалер на Победа стрелаше со „ножички“ (ВИДЕО)

Иако прилепска Победа продолжува со резултатската криза и претрпе нов пораз во Втората лига (4-2 на гостувањето кај Слога Виница), натпреварот остана во сенка на еден неверојатен потег.

Моментот на натпреварот се случи во финишот на првото полувреме, кога младиот напаѓач на гостите, Стефан Наскоски, ги воодушеви присутните со спектакуларен погодок. Наскоски мајсторски изведе „ножички“ и ја смести топката во мрежата на домаќините, постигнувајќи гол каков што ретко се гледа на македонските фудбалски терени.

Се вчитува...