Во желбата за поголема конкурентност и опстанок во Втората лига – Исток, тимот на Осогово за новата сезона се засили со поранешниот македонски репрезентативец Аце Стојков.
Искусниот 36-годишен офанзивец треба да донесе дополнителен квалитет во нападот на кочанци кои непосакувано лошо ја почнаа новата сезона со три порази.
Последен клуб на Стојков беше Академија Пандев, а претходно во својата кариера има настапувано и за Беласица, Вардар, Работнички на домашната сцена, но и Специја, белгиски Ла Лувие, белградски Партизан, Дебрецин, Араи и романски Ботошани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА