Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу!

Македонската репрезентативка Катерина Ацевска забележа извонреден успех освојувајќи го сребрениот медал на Европското првенство во џиу-џицу кое изминатиов викенд се одржа во Питешти, Романија.

Ацевска, која е и одлична џудистка освојувајќи го неодамна петтото место на Европското младинско првенство, сега во џиу-џицу во категоријата над 70 килограми за натпреварувачки до 21 година загуби во финалната борба од Германката Сандер Лота, по што мораше да се задоволи со вицешампионската титула.

На шампионатот во Питешти настапија повеќе од 1.000 натпреварувачи во џиу-џицу од 29 држави на возраст од 16 до 21 година, во машка и женска конкренција.

Се вчитува...