Ацевска освои златен медал во џиу-џица на „Гран При Џенова“ (ФОТО)

Извонреден старт во новата сезона на Катерина Ацевска која го освои златниот медал во џиу-џица на „Гранд при Џенова Опен 2026“ во Италија.

На патот до златото Ацевска во полуфиналето славеше со ипон против Федерика Маза од Италија, а во финалето ја совлада Каја Орзечовска од Полска со 16-7.

На турнирот настапија 267 натпреварувачи со 293 натпреварувачки влезови од 24 земји.

Како што е познато, во ноември минатата година македонската репрезентативка на Светското првенство во џиу џица во Банког, Тајланд, го освои првиот сениорски медал за Македонија освојувајќи ја бронзата, што претставува и еден од најголемите успеси на македонскиот спорт за минатата година.

Ацевска и овој пат во Џенова потврди дека пред неа се нови високи дистроли, како една од најистакнатите македонски спортистки со повеќе од перспективна иднина.

Се вчитува...