12 коло во ПФМЛ ќе се затвори со натпреварот меѓу Македонија ЃП и Тиквеш. Домаќинот пролетва нема право на грешка има задача да освои што е можно повеќе бодови за да и натаму има елитен статус.
Тиквеш пролетва добро почна. Со победата над Шкупи од 6:0, а потоа одигра и супер полувреме против Шкендија кога поведе со 1:0. Сепак, шампионот на крај од Кавадарци си замина со бодови правејќи пресврт од 1:4.
„Ова за нас е еден од клучните мечеви сезонава. Едноставно мора да влеземе во горниот дел од табелата, и се подготвуваме за денеска да ги освоиме трите бода. Против Шкендија лошо го одигравме тоа второ полувреме и редно е да покажеме против противник по мерка што се вели за што сме и за каде сме“ – вели Кристијан Ацковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

