Ацковски потпиша за романски Корвинул

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Кристијан Ацковски својата кариера ја продолжува во романскиот Корвинул.

Ацковски откако се раздели со Шкупи се одлучи да ја прифати понудата од освојувачот на Купот на Романија потпишувајќи, како што пренесува романски „Про Спорт“, двегодишен договор со второлигашот.

Ацковски претходно во кариерата настапуваше и за Борец, Работнички и Брегалница.

Се вчитува...