После репрезентативната пауза, се врати прволигашкиот фудбал во Македонија. Викендов се играат натпреварите од 15. коло во ПМФЛ.
Шкупи, после поразот од Силекс во Кратово, сега има „домашна задача“ и дуел пред своите навивачи против Македонија ЃП. Своите очекувања пред натпреварот ги искажа играчот од средниот ред на чаирчани, Кристијан Ацковски.
„Најпрво сакам да кажам дека работевме напорно, на оваа пауза, што мислам дека беше добредојдено, со оглед на тоа што имавме многу напорен распоред. Во тимот владее многу позитивна атмосфера и сите го делиме истото мислење, дека на секој натпревар одиме да извлечеме максимум за да ги освоиме бодовите. Го почитуваме секој противник, но на нашиот терен во Чаир пред нашата публика која ни дава безрезервна поддршка, сакаме само победа“ , рече Ацковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

