Легендарниот хрватски тренер, Ацо Петровиќ е против проширувањето на АБА лигата.
По неколкумесечна расправа, клубовите од АБА лигата конечно изгласаа проширување на конкуренцијата на 20 екипи од следната сезона, од постоечките 16. Таа одлука за многумина е несфатлива, бидејќи ниту постоечката структура не привлече доволно внимание кај јавноста освен главните клубови. Еден од тие кои е против таа одлука е и Ацо Петровиќ.
Искусен стручњак вели дека регионалното првенство не требало да се прошири, туку да се намали!
„Морам да признаам дека не ми се допаднаа последните одлуки за иднината на АБА-лигата! Наместо да ја прошириме лигата, мислам дека лигата требаше да се намали додека не се достигнат оптималните 12 екипи, за да се добие поголема концентрација на квалитет. И цврсти одлуки, кој испаѓа и кој влегува во АБА-лигата“ – напиша Петровиќ на својот твитер-профил.
За време на проширувањето се очекува во лигата да влезат Босна која ја освои АБА 2 лигата, потенцијално финалистот Илирија, а можеби и клубови кои се подготвени да платат како Клуж, Виена и Абу Даби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА