Ацо Тодоров со Левски е нов шампион на БИБЛ лигата

Поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Ацо Тодоров сега како дел од стручниот штаб на бугарскиот Левски успеа да стигне до титулата во БИБЛ лигата.

Во финалето од Ф4 турнирот кој викендов се играше во Самоков, Левски славеше против Башкими со 83-72. Противникот на бугарскиот тим единствено во првата четвртина успеа да парира на Бугарите. Левски од вториот период на играта презеде се во свои раце па потоа се чини повеќе од рутински стигна до трофејот во регионалното балканско натпреварување.

Како што е познато, претходно во битката за третото место гевгелиска Блокотехна загуби по продолжението од Рилски спортист со 79-92.

Се вчитува...