Пред 7 000 публика и милиони online гледачи, Audi го презентира коцнептот за next-gen инфо-забавниот систем со целосно интегриран Андроид на реномираната конференција за девелопери Google I/O. Оваа светска премиера ќе отвори нови перспективи кои ќе овозможат забрзано развивање на комуникациските услуги.
Тридневната конференција Google I/O, која започнa на 17ти Мај во седиштето на Google во Mountain View California, се смета за најголемата и најважната конференција за девелопери во светската софтверската индустрија. Еден од експонатите го содржи Android како беспрекорно интегрирано решеније за апликациите од внатрешниот инфо-забавен систем на автомобилите, кој е развиен од страна на Android Open Source Community и неговите милиони членови.
Технолошката платформа на Audi Q8 sport concept , која Audi ја презентира на Google I/O веќе го содржи Android во себе. Новите функции, вклучувајќи ги и сервисот за стримови Spotify, Google Play Music и Google Assistant, се достапни на големиот MMI екран на допир во центарот на контролната табла. Информациите се исто така видливи и на виртуелниот кокпит на Audi лоциран директно пред погледот на возачот. Ова претставува прво интегрирање на новите услуги во специјалниот инфо-забавен систем на Audi. Додека навигациската мапа продолжува да ги користи Audi HERE дата базата, на возачот му стои на располагање и навигацијата на Google Maps. Центарот за пораки и повици ги заокружуваат новите услуги на изложеното возило.
Беспрекорната интеграција на Android со себе носи огромен потенцијал. Android е светски најпопуларна мобилна платформа со повеќе од 1,4 милијарди корисници ширум светот. Огромното искуство, експертиза и креативност на Android Open Source Community значително ќе го забрза процесот на развивање нови апликации. Тие ќе можат многу едноставно да го пронајдат своето место во автомобилите како додатни конекциски сервиси доколку ги исполнат барањата на Google и Audi. Основата на овој систем лежи во платформата на Android. Останатите погодности кои им се нудат на потрошувачите заедно со помалиот циклус за ажурирање кој вклучува значително зголемена диверзификација на услугите, тука е и широката интернационална достапност на сите услуги.
Кога луѓето ќе можат да прават што и да посакаат во автомобилот од иднината, интегрираниот Android систем ќе им овозможи пристап до целиот свет преку апликациите на паметните мобилни во самиот автомобилот
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА