Ауди јуриша кон Формула 1, познати се имињата на можните возачи

Германскиот производител на автомобили, Ауди ја забрза постапката за вклучување кон Формула 1 шампионатот и наместо во 2026 година, ќе стане дел од тимовите во најбрзото натпреварување во светот веќе во следната сезона.

Ауди се вклучи во партнерство во Заубер, еден од тимовите со најдолг стаж во Формула 1 и целосно ќе го превземе раководењето на тимот најавувјаќи конкурентност од самиот старт.

Улогата на извршен директор ќе продолжи да ја врши Андреас Сеидл, поранешниот член на Мекларен кој од 2023 година ја превзема оваа функција во Заубер, а најави има и за промена на возачките места.

Очекувањата се дека Жу и Ботас ќе заминат од тимот, а неколку имиња конкурираат за нивна замена. Високо на листата на желби е Алекс Албон, а покрај Тајланѓанецот се споменуваат и Пјер Гасли, Себастијан Окон и Нико Хулкемберг.

Се вчитува...