Германскиот произведител на автомобили, Ауди од 2026 година влегува во Формула 1. Засега е познато дека Ауди ќе произведува агрегати, но не се знае дали ќе има и свој тим за четири години.
Шпекулациите за влез на Ауди во Формула 1 кружат веќе неколку години, а промената на правилата што се однесуваат за агрегатите и се поголемиот интерес кој го добива најбрзото натпреварување на светот дефинитивно го примами интересот на германскиот гигант.
Кој ќе биде партнер на Ауди останува да дознаеме до крајот на годината. Алфа Ромео, Мекларен, Вилијамс и Астон Мартин се споменуваат како едни од опциите.
Willkommen, Audi.#F1 pic.twitter.com/DvXUNbeiGU
— The Race (@wearetherace) August 26, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА