Екипата на Аугзбург се надева дека ќе ја продолжи серијата на непоразеност во Бундеслигата, на престојниот натпревар против огромниот фаворит Баерн Минхен, и тоа на негов терен.
Тренерот Јес Торуп вели дека оди полн со самодоверба дека нема да загубат против Баерн Минхен, но исто така најави дека неговиот тим нема да оди да се бори за бод.
„Одиме во Минхен со огромна самодоверба и верба во себе. Само така може да веруваме дека ќе направиме нешто“, рече Торуп и додаде:
„Нема да одиме во Минхен за бод, туку ќе се бориме за победа. Сепак, се надевам и посакувам дека ќе останеме непоразени“, кажа тренерот на Аугзбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА