Поранешниот италијански репрезентативец Чиро Ферара успеа да го продаде дресот на Диего Марадона од аргентинската фудбалска репрезентација за фантастични 55.000 евра како дел од аукцијата што е организирана за собирање финансиски средства за помош на медицинските лица во Италија во борбата против коронавирусот. Победник во наддавањето беше Андреа Католи, фудбалски менаџер, кој е агент на Себастијан Џовинко и неколку други фудбалери од Серија А.
Чиро Ферара одлучи да го донира во аукцијата омилениот спомен од кариерата, дресот на Диего Марадона од аргентинската репрезентација од натпреварот меѓу Италија и Аргентина одигран на 10 јуни 1987 година. Во наддавањето учествувале Алесандро Дел Пјеро, Алесандро Флоренци и Пауло Дибала, сакале да го купат дресот на Марадона, меѓутоа сепак најмногу пари одвоил фудбалскиот агент Андреа Католи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

