Кошаркарите на АВ Охрид продолжуваа со порази во регионалната АБА 2 лига. Црногорскиот Ловќен од Цетиње ја забележа првата победа на гостински терен сезонава во ова натпреварување, откако со 75-96 (20-21, 21-23, 16-27, 18-25) го совладаа тимот на АВ Охрид во 14. коло од шампионатот.
Охриѓани квалитетно го одиграа првото полувреме одржувајќи резултатски ритам, но во вториот дел комплетно доминираа за, на крајот сосема заслужена победа.
Најдобар кај Ловќен Цетиње беше Јелениќ со 31 постигнат поен, а го следеше Поповиќ со 17 поени.Кај АВ Охрид, Рос заврши со 26 поени, а Јунаковиќ постигна 23 поени.
Следниот натпревар на АВ Охрид е на гостински терен кај Вршац на 17. јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА