Прволигашот АВ Охрид се засили со Американецот Фил Хенри за продолжението од шампионатот во најсилната домашна кошаркарска лига.
Хенри веќе ги мина медицинските прегледи во клубот по што ќе биде на располагање на стручниот штаб веќе за утрешниот натпревар од 15. коло во Првата македонска кошаркарска лига против Кожув во Гевгелија, меч кој се игра од 17 часот.
Американецот, кој е висок 202 сантиметри, се очекува да биде од голема помош за играта под обрачите на охриѓани. АВ Охрид до крајот на сезоната го очекува жестока битка за пласман во плеј-офот од најквалитетниото домашно клупско натпреварување.
ФОТО: www.ohridnews.com
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА