Avant2Go нов партнер на МОК и дел од ЕМОФ Скопје 2025

Македонскиот олимписки комитет (МОК) потпиша спонзорски договор со Avant2Go car-sharing систем компанија за производство на 100 отсто електрични возила.

Avant2Go car-sharing како динамична, модерна и напредна организација, поддржувач на заштитата на животната средина и соодветните зелени решенија развива и промовира зелена мобилност во Македонија, која меѓу другото, го воспостави и воведе проектот Car Sharing, односно системот за споделување електрични автомобили под брендот Avant2Go.

Обезбедување на зголемена фреквенција на ослободување на паркинг места (намалување на времето на зафатеност) во овој град (помош при решавање на прашањата за паркинг и сообраќаен метеж). Avant2Go ќе биде дел и од ЕМОФ Скопје 2025 со дел од своите возила.

Се вчитува...