Авганистанските фудбалерки во очај: „Бришете ги профилите од социјалните мрежи и бегајте…“

Актуелната ситуација во Авганистан сосема очекувано се рефлектираше и на спортот. Запрени се сите спортски активности, а пред целосно затворање се женските спортски колективи во земјата.

Драматична е ситуацијата во женската фудбалска репрезентација, информираше директорот Калида Попал која наведува дека со денови добива повици од исплашени фудбалерки, кои низ солзи бараат начин да избегаат од земјата.

„Навистина се во очај. Не знам што да им кажам освен што упорно ги охрабрувам да ги избришат своите профили на социјалните мрежи, да ги избришат сите нивни фотографии и да бегаат и да се кријат на сигурно. Срцето ми се крши затоа што работевме сите овие години за да ги направиме рамноправен дел од општеството, а сега морам единствено да ги советувам да молчат да се кријата, затоа што нивниот живот е во опасност“ – вели Попал во интервју за „Асошиејтед прес“.

Попал во 1996 година избега од Авганистан токму поради кршењето на женските права откако нејзиниот живот беше во опасност. Потоа се врати за да помогне во развојот на женскиот спорт, но сега повторно се води кон неизвесност.

„Мојата генерација се надеваше дека ќе изградиме држава за нови генерации жени и мажи. Така, започнав да работам со други млади жени и го користев фудбалот како главна алатка за еманципација. Но, ете сега се повторно се руши а животите на младите девојки се во опасност“ – вели Попал.

Се вчитува...