Авион на тренингот на Холандија со порака: Смени ја тактиката во 4-3-3

Холандија утре ќе го игра својот премиерен натпревар на ЕВРО 2020 против Украина, а во пресрет на стартот на европскиот шампионат не стивнуваат критиките кон селекторот Де Бур поради дефанзивниот пристап на кој инсистира во тактиката на „лалињата“.

Кормиларот на Холандија упорно ја форсира тактиката 5-3-2 во која напаѓачите тешко доаѓаат до шанса за гол, критиките од поранешни репрезентативци и актуелни тренери не допреа до него, па навивачите се решија за поинаква „тактика“.

Имено, на утринскиот тренинг на „лалињата“ над нивната тренинг-база прелета авион кој носеше банер со порака до Де Бур – Смени ја тактиката во 4-3-3.

Сите се согласни дека ова е формацијата со која може да се извлече максимумот од холандскиот национален тим, но селекторот очигледно има поинаква идеја на оваа тема.

Се вчитува...