Ремонтот во играчкиот ростер на Партизан дефинитивно ќе биде комплетен откако и Алекса Аврамовиќ реши да си замине од редовите на вицешампионот на АБА-лигата.
Плејмејкерот веќе два месеца беше поврзуван со заминување од Партизан, за денеска и официјално, преку порака на социјалните мрежи да се збогува од клубот и навивачите.
„Драги Партизановци, ми беше голема чест и здоволство да се борам за црно-белите бои. По три години можам да кажам да кажам дека ова е преубав период за мене и не би го менувал за ништо. Благодарност до навивачите за безрезервната поддршка во овие години, а особено на децата за кои правиме се што правиме. Се борев и секогаш го давав максимумот за сите вас, за да ги оправдам вашите очекувања. Доживеав некои од најубавите моменти во кариерата играјќи за Партизан и секогаш со задоволство ќе се сеќавам на нив“, напиша меѓу другото Алекса Аврамовиќ во пораката…
Десетина минути по објавата, следеше и официјализација на следниот чекор во кариерата на српскиот репрезентативец. ЦСКА Москва е новиот клуб на Аврамовиќ, кој потпиша двогодишен договор со новиот првак на ВТБ-лигата.
OFFICIAL
Aleksa Avramovic signs with CSKA Moscow.Former Partizan player moves to Russia.#Basketball #baloncesto #Russia #EuroLeague #CSKA #Moscow #ЦСКА pic.twitter.com/1XOiWXwOm8
— Matteo Andreani (@matty_vanpersie) July 25, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА